Средба на потпретседателот на СДСМ, Манчевски со француската амбасадорка Оер: Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ бегаат од фер и демократски избори бидејќи знаат дека на тие избори тие ќе изгубат

0
1108

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, придружуван од членот на Извршниот одбор, Пеце Мирчевски, денеска се сретнаа со амбасадорката на Република Франција, во Република Македонија, Лоренс Оер, придружувана од Рено Дорлиак, од дирекцијата за стратешки прашања при Француското Министерство за одбрана и потполковник Александер Ноел, Аташе за одбрана.

„На средбата се зборуваше за актуелната политичка ситуација во Македонија, за излезните решенија и крајниот резултат, владеење на правото и организирање на слободни, фер и демократски избори.

Потпретседателот Манчевски истакна дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ бегаат од фер и демократски избори бидејќи знаат дека на тие избори тие ќе изгубат.

-Исполнување на условите за фер и демократски избори е клучно за решавање на политичката криза, преку прочистување на Избирачкиот список и реформа во медиумите. Исто така неопходно е изјаснување на Уставниот суд за уставноста на Законот за Специјално јавно обвинителство со цел непречено и независно функционирање на институциите во Македонија, како и владеење на правото, во интерес на граѓаните, рече Манчевски.

Потпретседателот Манчевски и амбасадорката Оер заеднички констатираа дека мора да се исполнат овие услови со цел да се обезбедат фер, регуларни и демократски избори кадешто вистинската волја на граѓаните ќе биде испочитувана во целост.

На средбата стана збор и за претстојниот Самит на НАТО во Варшава и предизвиците со кои што се соочува Алијансата“, стои во соопштението на СДСМ.