Средба на министерот Спасовски со италијанскиот амбасадор Ромео

0
982

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше работна средба со амбасадорот на Италијанската Република, Карло Ромео.

Спасовски, соопшти денеска МВР, му упатил честитки на амбасадорот Ромео за назначувањето, со желба во периодот на неговиот мандат да се продлабочи соработката помеѓу двете држави и се заблагодари на поддршката од Италијанската Република во напорите за надминување на политичката криза во Република Македонија.133362701

Амбасадорот Ромео ја нагласил добрата соработка со Република Македонија и изразил подготвеност таа  и натаму да се развива со ист интензитет.

Тој нагласил, стои во соопштението од МВР, дека Италија како држава пријател ќе продолжи да ја поддржува Република Македонија во интегративните процеси во ЕУ и НАТО, како и во справувањето со предизвикот за организирање фер и демократски избори и во креирањето на новите реформи во државата бидејќи граѓаните го очекуваат тоа. Амбасадорот се осврнал и на мигрантската криза и изразил подготвеност за помош за успешно справување со овој проблем.

Министерот Спасовски се заблагодарил на поддршката и потенцирал дека мигрантската криза е еден од најголемите предизвици со кои се соочи Република Македонија, а во справувањето со него големо значење имала поддршката од земјите од Европската унија.

– Министерот Спасовски истакнал дека во Република Македонија мора да се одржат фер и демократски избори и дека МВР во целост ќе придонесе за тоа да се случи, соопшти МВР.