Средба на Заев со Месиќ: Поддршка за напорите во Македонија да се организираат фер и демократски избори

0
1234

Претседателот на СДСМ Зоран Заев заедно со генералниот секретар на партијата Оливер Спасовски и членот на Извршниот одбор Едмонд Адеми денеска се сретна со поранешниот претседател на Хрватска, Стјепан Месиќ.

На средбата, како што соопшти партијата, Заев истакнал дека во Македонија мора да има предвремени избори и оти тие ќе се спроведат кога ќе се исполнат условите за да бидат регуларни.

Од страна на поранешниот хрватски претседател, се наведува во соопштението, е добиена поддршка за напорите во Македонија да се организираат фер и демократски избори.

Поранешниот хрватски претседател пренел и дел од хрватското искуство во прифаќањето на демократските стандарди во земјата, кои ја внеле Хрватска во европското семејство.

Пред средбата со Месиќ, лидерот на СДСМ имал средба и со претставници на дијаспората од Македонија во Хрватска, на која, меѓу другото, биле разменети мислења за начинот на којшто иселениците можат да придонесат кон нормализација на состојбата во државата.