Спорот со Името по 101 пат ..

0
1130

dame-crnobela

Знаете мака ми е од глупостите на странски дипломати но ме фаќа и нервоза од глупостите на нашите политичари за проблемот со името ,со Грција и се што се однесува на него. Драги мои ,Груевски толку загради ставил човекот и се наизвежбал да уште не е свесен зошто тоа од Атина никогаш не стигнал одговор на се што им понудил.

Цело време пред бомбите ја убедував опозицијата дека Груевски сака ,се бори ,се мачи да го реши овој проблем со Грција и дека пристапот му е тотално глупав и смешен во врска со начинот,советниците и актерите што ги ангажирал да се реши.Со бомбите веќе добивме и потврда дека точно сме ги анализирал настаните. Се “уби” човекот да го реши овој спор и мислам дека денес воопшто ,ама тоа дури денес,Груевски е уморен ,дезориентиран и несака да помисли да влези во оваа агенда.

Е ,сега да ве предупредам што ќе се случува. Исто како со Германија и нивниот ангажман за решавањето на спорот на Македонија со Грција,односно едно големо ништо. Петпарачки некакви квази дипломати со (пред се да напоменам искрено )добри намери облетуваја де во влада де во опозиција.Да знаеa тие како се решава спорот,немаше никогаш да ја изедат онаа цела боранија во влада и опозиција и да ги мачат и нервираат нивните амбасади во Атина но и цели одели во нивните МНР.

Сега што ќе се случува и еве да ја предупредам ем владата ем Опозицијата.Посебно СДСМ ги предупредувам ,а зошто вака јавно ќе си разберат сами. Имено сега од Париз ќе слетаат еден куп дипломати со исти “месијански добри намери”. Нивната амбасадорка во Скопје секако никој доволно не ја верува освен 2-3 новинарски борании и нешто НГО со кои пие кафе. Тие од Париз со искрени намери и ќе ви објаснуваат дека треба да бидете кооперативни ем сплотени со владеачката партија за решавање на овој проблем но и со Европаските Агенди (еден куп).

Еве да ве предупредам,посовреме,нити Париз ќе го реши спорот нити знае како, нити знае како би го решиле спорот и нема да биде ништо различно од намерите ,начинот и трудот на Германија дури и ќе биде по импликативен по однесувањето на опозицијата во оваа трагична ситуација во Македонија. Кратко-Париз нема да го реши проблемот но ќе ги направи сите можни дипломатски мерки кои им се на располагање.Ќе го нервираат нивниот амбасадор во Атина да трча и брифира по Грчките институции ..и толку.

Проблемот со Грција може да се реши но не сега не на овие начини и не овој пат.Некоја друга влада со некакви други капацитети во Скопје може да го реши . Секогаш се поставува те едно исто прашање- Кога може да се реши па зошто губиме децении од нашиот живот безвеза кога резултатите на крајот се исти.Велат да сме уздрееле…мачнините по овие констатации секогаш ни предизвикуваат те едно исто ..

Се иселуваме.

Пишува : Даме Чкатроски