Според ,,Форбс” , режимското милениче олигархот Орце Камчев е најбогат македонец, ГЛУВАРЧЕТО НА КАМЧЕВ ЗА 3 ГОДИНИ ГО ПРЕТЕКНАЛО МИНЧО ЈОРДАНОВ па сега тоа тежи 22,8 милиони евра

0
1776
По три години на тронот, Јордан Камчев го турна  Минчо Јорданов од првото место на најбогати.
Форбс го рангираше Камчев за најбогат Македонец. Во овогодинешната листа на најбогати што ја објави угледниот економски весник Форбс насловена како младоста го победи искуството има рокада во топ петте најбогати.
1. Со 22,8 милиони евра вредност на компаниите во сопственост на Јордан Камчев како што се Кара, Орка, Стопанска банка Битола, Бетон Штип. Камчев изби на првото место на најбогати. Мината година Камчев успеал да го зголеми капиталот за повеќе од три милиони евра.
Некои го обвинуваар дека клучна прична за успехот се блиските релации што Камчев ги има со ВМРО -ДМНЕ, на што тој одговара дека благодарение на оваа партија ништо нема земено, пишува Форбс.
2. На второ место со 22,5 милиони евра колку што чинат Макстил, Бетон и Факом. Кралот на челикот Минчо Јорданов, падна на второ место. За најстариот бизнисмен во најбогатата петорка  минатата година  се покажа тешка. За само една година од 2014 па се до крајот на 2015 година Макстил изгуби од својата вредност 5,6 милиони евра , и 2015 година ја заврши со пад на приходите од 20% во однос на 2014 година. Забавувањето на Кинеската економија, која е клучен пазар за челикот, санкциите на Европа кон Русија, но и инвестицискиот циклус што Макстил го спорведе во инсталирање на филтри на оџаците  го зема данокот поради што Јорданов се најде едно место пониско.
3. Со вкупната вредност на акциите на Макпретрол и Олико од 20 милиони евра Форбс го рангираше Андреја Јосифовски на третото место. Не остана не забележана од Форбс и истргата што ја покренаа МВР и Јавното обвинителство, кои според многумина, пишува Форбс , се толкува како обид од страна на владеачката структура да го дисциплинира Јосифовски, кој е сопственик на Телма, што е еден од ретките критички медиуми спрема владата  пишува весникот.
4. На четврто место со вредност од 13,3 милиони евра на Прилепска Пивара и сопственост од контролниот пакет на акции од 74% е Сашо Самарџиски.
5. На пето последно место со 9,8 милиони евра колку што чини Алкалоид според вредноста на акциите се најде Живко Мукаетов. Тој успеа во 2015 да ја зголеми пазарната вредност на Алкалоид за 127 милиони евра или за 20% во споредба со 2013 година.
Според висината на остварените приходи во 2014 година во топ 10 се најдоа Џонсон Мети со приход од 936 милиони евра, повеќе од двојно помалку или со приход од 394 милиони евра на второто место е ЕВН, на трето Окта, Макепетрол, ЕЛЕМ, Фини индустри, Македонски Телеком, Лукоил, Т- мобил и Алкалоид.
Извор : 24Вести