Според судијата во „Ровер“ нема пречки Љубе Бошковски да излезе од „Идризово“!

0
1018

Судијата кој го води предметот Ровер го известил затворот дека за овој предмет Љубе Бошкоски нема одреден притвор и не е пречка да биде пуштен доколку затворот така одлучи. Останува затворот да одлучи рече судијата.

Неговите бранители бараат тој три месеци пред истекот на казната да биде пуштен додека од затворот не дозволуваат предвремен отпус. Љубе одлежува затворкс акзана за случајот Кампања, а неговите адвокати тврдат дека веќе еден месец незаконски затворот не го пушта. Директорот на Затворот Идризово засега е недостапен за коментар.

Денеска во судот беше одложено рочиштето за процесот против Бошковски „Ровер“, во кој му се суди како поранешен министер за внатрешни работи дека знаел за убиство на двајца мажи во центарот а Скопје.