Според ревизијата на МОН владините ПРДЕЖИ на државна цицка јаделе, пиеле, спиеле и гнетеле по хотели со 5 звезди , вработувале паразити со плати од 40.000 илјади денари кои дремеле дома …

0
1631

Недомаќинско трошење за ресторани и хотели од 5 ѕвезди, користење на превоз на сметка на државата надвор од работно време, ангажирање на лица во кабинетот на министерот вработени во други институции, а без согласност од Министерството за финансии, ова се дел од наводите на државниот ревизор по извршената ревизија во Министерството за образование и наука, пренесе 24 ВЕСТИ.

По основ на ангажирање лица без согласност од Министерството за финансии, ревизорот се сомнева дека 173.000 евра буџетски пари се незаконско потрошени. На 7 административни службеници вработени во министерството им се исплатени плати во износ од 40.000 денари иако нема докази дека присуствувале на работа, вели ревизорот. 26 хонорарци се ангажирани без согласност од Финансии, во кабинетот на министерот, без јасно и прецизно дефинирани обврски и работни задачи. За нив исплатени се 70.000 евра во текот на 2015 година, стои во извештајот.