Според Иво Котевски, 40-те терористи дошле со 2 автомобили?!

0
912

Четириесетчлената терористичка група што ја нападнала граничната полициска станица Гошинце дошла од Kосово и тоа најверојатно со два автомобила, со кои ги носела вооружувањето и маскирните униформи, пишува провладиниот весник „Дневник“.

makedonija-oklopna-vozila-1-790x519

По нападот врз четворицата македонски гранични полицајци тие најверојатно таму и се вратиле. Ова го покажуваат првичните сознанија до кои е дојдено во истрагата што интензивно ја води македонската полиција и кои и натаму се поткрепуваат со нови сознанија и докази, пишува весникот.

– На ова укажуваат нашите досегашни сознанија. Има повеќе индиции што укажуваат дека тие користеле едно или две возила и дека со нив се вратиле на косовска територија. Се паркирале веројатно подалеку од станицата Гошинце и потоа се доближиле пеш. На ист начин заминале од местото на нападот. Практично е невозможно да заминале на македонска страна бидејќи патот надолу е невозможен за патнички возила – изјави вчера Иво Kотевски, помошник-министер во македонското МВР