Специјалци со писмо до специјалната обвинителка за кумановската акција: Дајте ни наредба, и ќе ви го донесеме и ѓаволот од пеколот со лисици на рацете!

0
1156

Група припадници на специјалните единици на полицијата, кои учествуваа во полициската акција во Куманово на 9 и 10 мај, испратија отворно писмо до специјалната обвинителка Катица Јанева, од која бараат како прв предмет да го разгледа случајот „Дива населба“, објави Алсат-М.

kumanovo 99

Убедени дека станува збор за сценарио, полицајците од Јанева бараат да ја обелодени вистината за тоа кој и како ги испратил во директна смрт осумте нивни колеги.

„ОБВИНИТЕЛКЕ, сведоци сме на една проклето дрска, беспоштедно сурова реалност, каде што оваа ненаситна, лицемерна, лажна и ненародна власт ни ја создаде оваа перверзно болна сегашност. Власт која се дрзна да не жртвува и нас, полицајците, синовите македонски.

Во името на нашата идна соработка како ваша продолжена рака, ХРАБРО И ДОСТОИНСТВЕНО ве замолуваме, случајот „Диво насеље“ да го отворите меѓу првите, ја сакаме и заслужуваме вистината.
Нашите осум браќа, соборци, сеуште не почиваат во мор.

Дајте ни НАРЕДБА, и ќе ви го донесеме и ѓаволот од пеколот со лисици на рацете и ќе го клекнеме пред вас!“

Од друга страна, според текстот кој вчера го објави неделникот Фокус, лидерите на уапсената група во Кумановската акција се подготвуваат да ја раскажат историјата за случувањата кои му претходеа на крвопролевањето.

„Од друга страна, нивното неизјаснување е предизвикано и од обидот целосно да ја подготват својата верзија за настанот за да можат во судница да направат реконструкција на деновите пред акцијата, на самата акција, но и да посочат одговорни кои ги намамиле да учествуваат во сценариото ако постои“, пишува ФОКУС.

Повикувајќи се на членовите на семејствата на осомничените за настаните во Куманово, „Фокус“ пишува дека тие ќе настојуваат да докажат дека целиот овој случај е монтиран, но и дека контактирале со службеници во УБК и од политичкото раководство во Македонија.