Спасов: Груевски се однесува како пијан коцкар, ексцентричен милијардер и ориентален деспот

0
1181

Владата штотуку и порача на ЕУ. Баш не брига за вашите санкции. Претставникот на ММФ од Македонија го набркавме да не не контролира како ги трошиме парите. И сега можеме да си позајмуваме пари до бесвест со најповолни камати за Дојче банк со седиште во Лондон.Со нови 650 милиони евра може да ги купиме изборите кога и да бидат организирани.

Хрватска се откажа од емитувањето евро обврзница затоа што не можела да си дозволи да плаќа на неа камата од 5%. Но што тоа за Македонија со најуспешната економија во регионот.

Сега пак ќе повторам дека Груевски кој и натаму стои зад сите вакви одлуки се однесува како: пијан коцкар, ексцентричен милијардер и ориентален деспот. Тој сите напори на САД и на ЕУ за враќање на Македонија во нормалноста ги става под нозе. Се е за него една обична тоалетна хартија. Тој со овие задолжувања веќе не го уништива животот само на сегашните генерации туку ги осиромашува и задолжува се уште неродените кои ќе треба да ги враќаат долговите. И мора да постои начин да се запре ова негово лудило.# протестирам

Фејсбукс статус на преофесор Ѓорги Спасов