Спасовски се сретна со Делегацијата на Ад хок комисијата на ПС на СЕ за набљудување на изборите

0
997

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со Делегацијата на Ад хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на изборите, на која се разговараше за парламентарните избори на 11 декември и улогата на МВР во обезбедувањето на фер и кредибилен изборен процес, соопштија од МВР.

Министерот Спасовски, како што се вели во соопштението, истакнал дека МВР ќе направи се што е потребно за да можат граѓаните самостојно да ја донесат својата одлука на 11 декември.

Исто така, ја потенцирал решеноста дека нема да дозволи било какви злоупотреби на институцијата од страна на било која политичка партија.