Спасовски: Присуството на полицијата е зголемено поради бегалската криза

0
851

Имаме зголемено присуство на терен зашто во овој период ќе имаме предизвици и тука и во регионот поради бегалската криза. Затоа е зголемено присуството на полицијата, рече министерот Оливер Спасовски, кој денеска е во посета на полициската станица во Матејче.

„Не би сакал да се создава фама и страв кај населениот зашто нема потреба за таква работа, имаме соработка со населението во овој регион и сите треба да бидат спокојни зашто МВР ги презема сите мерки што се потребни“, додаде министерот за внатрешни работи.

Тој негираше дека синоќа имало акција.

„ Имаме зголелемо присуство на овој терен во светло на кризата, а кумановско-скопскиот регион треба да биде под поголем надзор зашто е северен дел од границата. Имаме често илегални преминувања, знаете дека имавме влез на мигранти и претходно преку оваа граница. Безбедноста и сигурноста на граѓаните на Република Македонија ги оправдуваат сите средства кои ќе се применат. Сите информации и контакти вчера беа дадени. И затоа сум денеска тука, да разговараме, за да се смират тензиите и да не се создава паника“, рече Спасовски.

Според министерот, шпекулации се информациите дека влегла група од Косово на македонската територија.

„Сето што го кажав претходно, а се однесува во рамките на превентивното делување е целта на ова полициско зајакнување“, додаде министерот.