Спасовски побара поддршка од 10 пратеници за да се избере претседател на Собранието

0
1064

Вчера побаравме да продолжиме со работа после 18 часот со подршка од 61 пратеник. Вие како претседавач најверојатно се повикавте на логиката дека претседателот на Собранието може да одлучи дали и колку ќе продолжи расправата, со овие зборови пратеникот од СДСМ, Оливер Спасовски ја почна расправата на деветтиот ден од конститутивната седница на Парламентот.

Собраниската расправа сè уште трае по третата точка, за избор на Комисијата за избори и именување, а за збор има пријавено уште 45 говорници.

– Бидејќи е очигледно дека оваа расправа се користи за одолговлекување и за блокада на Собранието, јас барам поддршка од 10 пратеници и Собранието да одлучи да ја прекинеме расправата по оваа точка и да се премине на четвртата точка за да се избере претседател на Собранието и за ова не одлучува претседавачот туку Собранието – рече Спасовски.

Претседавачот со седницата Трајко Вељаноски рече дека „доколку се договориме на координација дека за час-два после работното време ќе завршиме со дискусијава, може да го продолжиме работното време“.

– Не може вие во сред расправа по точката да скокнеме на расправа на наредната точка – рече Вељаноски.