Спасовски кон ИВЗ: Македонија е секуларна држава, не прифаќаме никакви уцени!

0
1010

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по ултиматумот од ИВЗ, која и даде на Владата рок од десет дена да ги реши постапките за денационализација на вакувскиот имот, порача дека не прифаќаат никакви уцени.

„Ова писмо од ИВЗ е уцена. Ние порачуваме дека не гледаме поинаков начин за решавање на проблемите освен разговарање и работа како разумни луѓе“, изјави Спасовски.