Спасовски: Злоупотребата на етничките и верските симболи може да ги поткопаат процесите за фер, слободни и демократски избори

0
966

Злоупотребата на етничките и верските симболи кое е актуелно деновиве, може да имаат не само негативни политички и безбедносни импликации, туку и да ги поткопаат процесите за фер, слободни и демократски избори, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по средбата со американскиот висок функционер, Хојт Брајан Ји.

– Сите субјекти треба да се воздржат од креирање на вештачки сценарија со кои се добиваат евтини политички поени на сметка на безбедноста и сигурноста на граѓаните – порача Спасовски.