Спасовски: Владата дозволи да се случи хуманитарна катастрофа!

0
1714

Ви пренесуваме дел од интервјуто на генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, за порталот Фактор, за бегалската криза со која се соочува Македонија:

oliver-spasovski

Фактор: Бројот на бегалци од Сирија, Авганистан и Пакистан, кои сакаат да стигнат до Европа по таканаречената балканска рута, раста со огромна брзина. Во Гевгелија на границата со Грција се одигруваат драматични сцени. Проценките се дека  бегалскиот егзодус   допрва ќе расте. Има ли Македонија  сили, средства и државнички капацитет да одговори на новиот хуманитарен предизвик?

Спасовски: Ние долго време предупредуваме дека состојбата со бегалците ескалира. Владата дозволи да се случи хуманитарна катастрофа, за да направи измени во Законот за азил. Предупредивме дека тоа нема да биде доволно. Овие луѓе, меѓу кои има и деца, се загрозени, од здравствени причини поради недостиг на храна, вода, нехигиена, тие се истрауматизирани, а Македонија се срами пред светот како држава којашто покажува недостиг од капацитет за заштита на основните човекови права, ниту за своите граѓани, ниту пак за странските државјани. Но предизвиците не се само хуманитарни. Сега, дали државата може да одговори на сите предизвици што ги отвора бегалскиот егзодус, е прашање што власта го должи на граѓаните на Македонија.

Фактор: Дали  одлуката на владата да прогласи кризна состојба е навремена и дали ја научивме  лекцијата од бегалска криза во 1999 година  кога  речиси 300.000 илијади  косовци провремени беа „вдомени“ во Македонија?

Спасовски: Проблемот со актуелната бегалска криза не е од денес или од вчера. Според достапните статистики од МВР драстично зголемување на бројот на емигранти има уште од 2012 година. Дополнителна загриженост предизвикува тоа што ниту една институција во земјава не слушнавме дека има реални бројки што упатуваат на тоа колку од емигрантите кои транзитираа низ Македонија, особено пред да се дозволат барањата за азил, останале во Македонија, каде останале, со какви побуди. Дали можеби се вклучени во активности заканувачки по безбедноста на државата. Слушнавме официјални признанија од институции во земјава за криминал, за трговија со луѓе. Колони луѓе се движеа по патиштата, преминуваа низ пругите, на очиглед на сите, а власта на Груевски со години беше нем набљудувач. Поради ова, бегалската криза со којашто сега се соочува Македонија е сериозен предизвик пред државата.

Фактор: Европската комисија соопшти дека Скопје има право да се штити од илегална миграција. Од дрга страна, Амнести Интернешнл преку соопштение  изразува загриженост  поради употреба на прекумерна сила и супстанци  за контрола на толпи врз  мигрантите кои се обидуваат да влеза на македонска територија?

Спасовски: Македонија е земја потписничка на меѓународни конвенции за заштита на човековите права. Власта е должна да ги третира хумано и човечки емигрантите. Тие, ако решат да тужат, можат да нанесат и финанскиски штети на и онака осиромашената држава. Се што се случува во моментов упатува на нервоза кај власта да се справи со ситуацијата.

Целото интервју прочитајте го на Фактор на следниот линк.