Со тесна победа над Столе Наумов од Канал 77, уредникот на ТВ 24, Младен Чадиковски е новиот претседател на ЗНМ

0
1214

Младен Чадиковски е новиот претседател на Здружението на новинари. Тој со 86 гласа го победи својот противкандидат Столе Наумов од Канал77, за кој имаше 77 гласови.

Чадиковски е меѓу најценетите и најреномирани македонски новинари и уредници, веќе 15 години е уредник на телевизии и весници и секогаш е сметан за објективен и на висината на новинарските стандарди.

Мактел му честита за изборот и му пожелува мирни 4 години во кои нема да мора да води протести за претепани или затворени новинари, какви што мораше да води неговиот претходник.

Насер Селмани беше одличен претседател на ЗНМ, секако со мали грешки кои се незначителни, тој жестоко се бореше за да ја одбрани седмата сила од долгата канџа на вемерето и делумно, колку што можеше успеа во тоа!

Во моментот уште трае пребројувањето на гласовите за членовите на Управниот и Надзорниот одбор.