СО СРЕЌА МАКЕДОНИЈО, ТИРАНИЈАТА Е ВЕЌЕ МИНАТО, ГРУЕВЦИ ИМА ДА СКАПАТ ПО ПРДЕКАНИТЕ ВО ШУТКА И ИДРИЗОВО КАКО РАСИПАНА ЗЕЛКА!

0
3244

Во новиот број на Фокус:

ЗВРЛЕВСКИ И АНЕВСКИ ОДЛУЧИЛЕ ДА „ВИСАТ“ ЗАЕДНО!
Реакциите на груевци секогаш ме асоцираа на скечот од култната „Топ листа надреалиста“, кога владата и партиите од коалицијата штрајкуваат против рударите! И одат пред „велелепното окно“, кукајќи како тие се гужваат по неколкумина во автомобили, додека рударите „се шират во комоција во воз“. Само што нашиве „ние сме лудаци“ не се надреални, туку реални, за жал!

„ПЕРФЕКТЕН“ ОБВИНИТЕЛ
Разрешувањето на Марко Зврлевски е еден од првите чекори што ги презема владата на СДСМ. Но, на патот се очекува да им застане Советот на јавните обвинители, кој процедурата за избор на нов обвинител може да ја одолжи до бескрај. Можеби затоа би требало реформата да почне токму од Советот!

ВМРОИЗАЦИЈА НА БУЏЕТСКИ ТРОШОК
Државата исплатила милионски суми од буџетот за вработени во министерствата кои во последните 10 години загубиле работа или биле преместени на пониски места, спротивно на законот, дознава „Фокус“. Апсолутен рекордер е МВР, кое само по судски одлуки за незаконски прекин на работен однос исплатило еден милион евра

ПРОТЕСТАНТСКИ ПАСТОР
Својата еманципаторска мисија Заев ја почна како антирежимска, антимафијашка битка. Оттаму неговата христијанска реторика, трпението и толеранцијата наспроти ароганцијата и теророт делуваат наивно. На ножот и камата на Ќосето, да им пркосиш „со кроце и со благо“, изгледа лудо храбро. Па сепак, тоа е поразувачки за силеџиите!

„ФИЛМСКИ“ НАПАД
Пукањето кон Никола Тодоров ја шокираше јавноста, но случајот сѐ уште изобилува со многу неодговорени прашања за планирањето, мотивите и организацијата. Зошто дедото на малата Тамара од Велес, која почина чекајќи операција, токму сега, две години по нејзината смрт, се одлучил на еден ваков чекор, кој, за среќа, заврши без последици, останува мистерија

 НЕВРОХИРУРГ „ЕВРОФИЛ“
Првиот човек на Клиниката за неврохирургија, д-р Александар Чапароски, заврши зад решетки поради примање поткуп од 1.000 евра од пациент. Во неговата работна канцеларија полицијата пронајде речиси 30.000 евра, и уште 10.000 евра во неговиот дом, пари за кои тој немал покритие. „Фокус“ дознава дека во банкарски сеф му се пронајдени уште 100.000 евра

ДОБА НА ИНДУЛГЕНЦИИ
Спонзорот на Вардар, Самсоненко, бил близок со Фамилијата и со тоа и самиот бил столб на довчерашниот режим!? Како тоа еден пријател на Груевски не чини кога ѝ носи победа на Македонија, ама еден друг пријател на Груевски, Ахмети, е океј кога на СДСМ му носи мнозинство за правење влада?

Колумнисти:

Ерол РИЗАОВ
Суави си замислуваше како треба да изгледа тој ден кога ќе падне режимот. На централната прослава се виде себеси како со внукот на рамења и внуката за рака го гледаат големиот трактор како со челични сајли го урива споменикот на Ќосето. Ќе нема веќе нарачани пресуди со кама и со пушка. Арно ама, од тоа привидение ништо не бидна. Сѐ нешто ја спречуваше прославата

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Време е Никола да си погледнеш во сопствената душа и да се прашаш: Вредеше ли? Алчноста за власт, пари и моќ, жив те изеде. Не се даваш. Во својот инает се бориш со илузијата на моќта. Преташ како заклана кокошка. А тоа не е добро. Ниту за тебе, ниту за тие околу тебе. Сите ги вшмукуваш во вртлогот на сопствениот давеж

Ана ПАНОВСКА
Се прашувам зошто му се надоѕидува моќта на Груевски за да може и натаму да се мотка по екраните. Не гледам никаква оправданост зошто би се пренесувале сите можни „искачања у живот“ или „твитнувања“ на човекот кој е осомничен за тежок криминал и кој за малку ќе ја втурнеше Македонија во крвава граѓанска војна.Naslovna-1131-696x9391-670x904