Атрактивната водителка Хелена Роза по неколку годишна пауза, со провокативна фотосесија се враќа во шоу бизнисот.
Таа во секси издание му позираше на младиот фотограф Стефан Соколовски, а за нејзиниот стајлинг беше задолжен стилистот Зоки Давитковски.
Роза засега не открива која е целта на нејзината провокативна фотосесија, но најави пријатно изненадување за фановите.
– Публиката и фановите и ќе бидат пријатно изненадени од мојот нов проект. Долги години сум во шоу бизнисот, па очекувајте нешто многу јако – вели Хелена.