Со писмо може, со 67 потписи не може?!

0
1641

Оливер Спасовски во дебата на Телма откри нов момент – Иванов му го доделил првиот мандат на Груевски врз основа на писмо, во кое Груевски истапува од име на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ, и вели дека таа коалиција (старата!?) има доволен број пратеници (61) за да го добие мандатот!? И тоа писмо има само негов потпис, веројатно нема потпис ниту од Ахмети, иако и тоа не би било доволно (пратениците се законски самостојни). Според реакцијата на Талат Џафери, можно е ДУИ да немала никаква информација за тоа. Ако е така тоа би била уште една злоупотреба, рамна на фалсификат.

Тоа што му го даде првиот мандат на Груевски беше уште едно прекршување на уставот, член 90, од страна на Иванов, зашто таму се предвидува претседателот да го додели мандатот на „партијата или партиите, кои имаат мнозинство од вкупниот број пратеници“ (на што предупредија и некои уставни експерти). Тоа значи дека Груевски сам, со своите 51 пратеник, нема право да го добие мандатот, а би можел ако сам има 61 и повеќе пратеници. Тоа писмо било трик, премолчан, за да се изигра Уставот. Значи, Иванов два пати го прекршил Уставот, за што може и треба да одговара.

Инаку, целата дебата покажува дека позицијата на ВМРО-ДПМНЕ е неодбранлива, и не може да увери никого во својата оправданост (освен можеби Чомовски). Тие што протестираат, едноставно не сакаат да дојде до смена на власта, по ниту една цена.

Жарко Јорданоски – Фејсбук статус