СО ПАНЕЛ-ДИСКУСИЈА И РЕТРОСПЕКТИВНА ИЗЛОЖБА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 60 ГОДИНИ ЦСЛУ

0
1172

Со панел-дискусија и ретроспективна изложба, ЦСЛУ Прилеп вечерва ќе одбележи 60 години од формирањето. Од 17 часот во библиотеката „Борка Талески“ ќе се одржи панел дискусијата на тема „60 години ликовно творештво, ЦСЛУ-Прилеп, предизвици и иднина“.

Панелисти се истакнати македонски творци и историчари по уметности, претставници на Министерството за култура, меѓу кои Гоце Божурски, Билјана Прентоска, Јана Јанеска Ристеска, Ана Франгова, Никола Смилков и други, кои ќе
говорат за ликовните колонии денес, за развојот на ЦСЛУ, за значењето на колониите и за заштита на културното наследство.

Веднаш потоа од 19.30 часот во галеријата„Борко Лазески“ ќе биде отворена ретроспективната изложба „60 години
интернационална сликарска колонија, ликовно творештво во ЦСЛУ“. Најзаслужни за постоењето на ЦСЛУ се проф.д-р Бошко Бабиќ и академскиот сликар проф. Ристо Лозаноски, кои нивната идеја од 1956 годинаја преточиле во релност во 1957 г. кога ја формирале првата ликова колонија на Балканот и во Југоисточна Европа.

– Колекциите на ЦСЛУ овозможуваат избор на најразновидни експозиции од областа на сликарските и вајарските дисциплини. Творците од различни ликовни средини од земјава, Европа и другите континенти, во текот на годините за време на летните сеанси создаваат творби со кои ја збогатуваат ликовната уметност и ризницата во Прилеп. Покрај творењето за нас важна е и комуникацијата и дружењето на ликовните творци од различни културни средини. Ликовните атељеа во овој извонреден творечки амбиент, овозможуваат експериментирања и истражувања со цел да се дојде до нешто ново, што ќе се вклучи во општите сликарски токови и ќе биде дел од светската современа ликовна уметност, придонесувајќи за нејзиниот развој. Досега имало учесници од Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Босна, Австрија, Полска, Израел, САД, Белгија, Унгарија, Русија, Бугарија, Франција,
Швајцарија, Англија, Норвешка, Јапонија, Романија, Германија, Шведска, Италија,
Финска, Португалија, Грција, Мексико, Сенегал, Алжир, Ирак, Турција, Австралија,
Куба, Аргентина, Албанија, Кипар, Кина, Малезија и Египет – вели Јана Јанеска Ристеска, историчар по уметност.

Во рамките на ЦСЛУ се Интернационалната сликарска колонија, Интернационалниот скулпторски симпозиум во мермер (1963), Интернационалното студио за пластика во дрво (1971) , Интернационалното ателје за витраж (1975), интернационалната работилница за керамика (1975), ателјето за уметничка фотографија ((1978), ателјето за мозаик кое повремено се одржува, Интернационалното ателје за скулптура во метал (1984), како и студото за меил арт формирано во 2015. Создадн и се илјадници дела кои се презентирани на изложби во земјата и во странство.