Социјалдемократијата на Зоран Заев

0
957

Само пред неколку месеци, пред да почне објавувањето на прислушуваните разговори, постоеше широко мислење дека Македонија има слаба опозиција. Но СДСМ во овој период по многу години реално доби силен политички лидер.

Gorgi_spasov_02

Бранко Црвенковски е во право кога вели дека Зоран Заев со доаѓањето на чело на лидерската функција во СДСМ направи програмски и кадровски дисконтинуитет. Но Црвенковски не е во право кога вели дека Заев по долго време се вратил на политиката на „отпорот“ и признал дека била грешка неговата „конструктивност“ во односите со власта.

Програмскиот дисконтинуитет Заев го започна веднаш по неговиот избор за претседател кога јавно призна дека беше грешка коалицирањето на СДСМ со ВМРО-ДПМНЕ во Кичево и Струга за време на локалните избори. Оттогаш, Заев стави јасно до знаење дека тој нема намера партијата да ја води во етнички изборни блокови и дека борбата за демократија и социјалдемократија подразбира мултиетничност и заедничка борба на граѓаните за јасно дефинирани цели. Во Извршниот одбор на СДСМ најде место и Албанецот Едмонд Адеми, а со низа свои настапи Заев успеа во мошне кус рок не само да го ослободи СДСМ од етикетата дека е „антиалбанска“ партија туку и да се промовира во политички лидер кој во овој момент ужива најголема доверба кај Албанците. Заев покажа без какви било комплекси дека е можен голем митинг на граѓаните за Македонија на кој подеднакво ќе се веат македонските и албанските знамиња, на кој подеднакво ќе се држат говори и ќе се пеат песни на македонски и на албански јазик и на кој кога повика на едноминутно молчење за загнатите во Куманово ја стивна огромната маса од која не се слушна ниту едно накашлување.

Целата колумна може да ја прочитате ОВДЕ