Соучесници

0
1072

Збеснуваат, плукаат и осудуваат – приватна донација, добиена од добротвор, 5 милиони евра, наменети и потрошени за ДЕМОКРАТИЗАЦИЈА на Македонија, и унапоредување на граѓански права и слободи во младото македонско општество. (Пари потрошени – целосно транспарентно и евидентирано до последно евро, а документите се целосно достапни до јавноста.).

А од друга страна- си молчат, се прават “на тошо“, дури и оправдуваат – 8 МИЛИЈАРДИ евра, наши, нивни, народни пари, пари од буџет на Р. Македонија – Дел украдени и префрлени на приватни сметки на разни егзотични острови, а дел потрошени за воведување на ДИКТАТУРА во државата!
( А најголема тајна е како, каде и што се случило со 8те милијарди наши пари, каде очетноста е задолжителна, а податоците, ако воопшто ги има, се кријат како “змија нозете“! Тука транспарентноста е облигаторна и законски нужна! Оти тие пари се наши и сме им ги дале на користење за општо добро, а не да не газат со полициски тенкови, да набавуваат гумени куршуми за да пукаат во нас, да контролираат медиуми, а најмалку сме им ги дале за да ни ги украдат, и врз наш грб, од обични малски багабонти, да станат едни од најбогатитер луѓе на Балкканот!)

Срам да ви е на сите 400 000 кои гласајки за злосторничкото здружение ( кое нема ама ништо заедничко со ни еден од идеалите на МРО и ВМРО ), и да знаете, откако на 11ти заокруживте ДРПМНЕ – веќе не сте невини, ниту сте “жртви на валкана пропаганда“… Вие, сите 400 000, со вашиот глас станавте соучесници во нивниот криминал, крвопролевање, разнебитување на Македонија! Посредно виновни дури и за смртта на полицајците во Диво Насеље, за дечињата од Смилковско,за Крпач, за Младенов… за уште барем 100 неразјаснети убиства по затворите на лица кои им се спротиставиле во криминалот и злосторствата…
Нив судење и долга, заслужена, робија не им бега!

Но што е со вас, кај ќе ви оди душата? Сте го размислувале барем тоа, кога во недела одите да се помолите во црква…

Не, немој да мислите дека сега јас кажувам некакви метафори, ова што го имам напишано е “гола вистина“ – Правно гледано, со самото гласање, со излегување на нивни митинзи, со лепење плакати, горење дрва од “Македонски шуми’ пред ДИК и сл. , со сето тоа, а особено со подржка на изборите, се сметате како нивни соучесници.
А за соучество во нивните злодела – Како на пр. – апашлукот на народни пари ( преку 10 милијарди евра ), потоа – тиранијата и злосторство кон сопствениот народ и сл. … минимум би ви дошло околу – 5 год. затвор!

Ама… сте биле изманипулирани, принудени, не сте знаеле… На друг тие приказни!

Всушност, кој ве знае? Можеби вие сте спремни и да робувате за Пастирот!?

Не, навистина, да е тоа возможно – би лежеле робија наместо Грујо. Змијалков, Иле? Да ги замените! За се што сториле тие, вие да одлежите робија! Би имало кандидати меѓу вас!?

Вие едно 20 – 30 год. во Идризово, дур тие си го “дрват“ на Белизе!?

п.с.
Значи повторувам – тоа со соучешништво, не е шега, ниту е инсинуација, ниту претпоставка, ви ја кажувам вистината!

– Ќе си лежите, бидејки и вие придонесувавте и сеуште придонесувате, да оваа држава се уште се тркала кон дното на амбисот!

Ало,будење! Свестување!

Нужно ви е потребна чаша на “здрав разум“ – расолница, за да ве отрезни, да ви ги ослободи мозоците од “мамурлукот“ предизвикан од мешавина од тешки “брљи“, како – Павловиќ, Класната,Бурек,Козарот… брррр, такви гадотии предизвикуваат трајни оштетување на мозокот. Можете слободно да ги тужите бидејки пред почетокот на вестите на

– Сител, Канал 5, Алфа, НОВА…. не пишувало предупредување дека составот на вестите предизвикуваат тешки ментални пореметувања!

Соземјани, македонци, разберете – Се губат драгоцени денови!

Дај, да спасуваме дур се уште има што да се спасува!!!

Југослав Петровски