Сопственикот на ,,Пелистерка“ Цветан Панделески е меѓу уапсените во ,,Империја“

0
3366

Сопственикот на ,,Пелистерка“ и деловен партнер на Орце Камчев, Цветан Панделески познат како Целе, е меѓу уапсените во новата истрага на СЈО со кодно име ,,Империја“.

Меѓу уапсените е и Орце Камчев.

По спроведена опсежна предистражна постапка, во која се преземени десетина предмети кои се воделе пред надлежни обвинителства и врз кои е воспоставена  надлежност на Специјално Јавно Обвинителство, денеска е отворена истрага под кодно име „Империја“ против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.