Соопштение и покана за првиот Детски ЗОО Маратон

0
994

По повод, 9-ти Мај, Денот на Европа во Скопје ЗОО денеска за првпат ќе се одржи Детски ЗОО Маратон, кој се надеваме дека во иднина ќе прерасне во традиција. Маратонот е организиран во соработка со Агенцијата за млади и спорт, Атлетска федерација на Македонија,  како и Град Скопје.

Во ботаничката градина  во Зоолошка градина Скопје  ќе се одржат четири трки на кои ќе учествуваат 200 деца. Целта на настанот е пред се едукација за придобивките од спортот и рекреацијата уште од мали нозе.