Соопштението на БРАНИТЕЛИТЕ на Македонија кое власта не сака јавноста да го чуе по повод 15 години од ,,Карпалак”

0
2064

Почитувани,

Од името на Одборот на бранители на Македонија, чест ми е да ги поздравам сите присутни на местото на кое пред 15 години се случи трагичниот настана во кој 10 прилепски бранители ја пролеаја својата крв, која чинам секогаш ќе биде свежа на ова место, овде на Карпалак, местото на нашиот непребол.

Велат времето ја лечи секоја рана, поминаа 15 години, а раната која тогаш ни беше нанесена, сеуште боли, никако да зарасне. Покрај сета бол и тага, со континуираното кршење на плочите, секогаш одново сме потсетени дека коренот на конфликтите сеуште постои и должни сме сите ние со човечност и трпение да го отстраниме.

13941041_10201884671715990_1082643106_n

Често слушаме дека е добро да простиме. Но добро е… Меѓутоа прошката “држи вода” само тогаш кога другата страна е свесна дека погрешила. Како да се опрости на луѓе кои не ја воочиле својата грешка? Немам слушнато дека оние кои го направија злочинот, побарале прошка. За каење и да не зборувам.

Денес стоејќи тука, чувствата ни се испреплетени. Од една страна тажни што нашите загинати бранители повеќе не се повеќе меѓу нас физички, од друга страна горди на нив што залудно не ги дадоа нивните животи. Тие ја донесоа победата на Македонија и ги зачуваа нејзините граници, а со напор од сите бранители и граѓаните на Македонија беше избегната граѓанска војна како залог за иднината. Денес со нивните херојски дела се запишани во поновата македонска историја на Македонија како херои на нашата заедничка татковина.

Нивните тела ги вградија во зачуваните граници на државата на која ѝ покажаа дека неизмерно ја сакаат и дека се подготвени да го жртвуваат најсветото од себе – животот, а нивната душа ја вградија во продолжениениот заеднички живот на сите граѓани без оглед на нивната вера и нација на овие простори во унитарна Република Македонија. Поучени од херојскиот однос за борците од двата Илиндена дека татковината треба да се брани во моменти кога е нападната, свесни дека утре може нема да не биле исто. И за жал, веќе ништо не е исто…

Нам на бранителите ни оставија аманет да ја чуваме Македонија и да ја градиме во посветла и попросперитетна иднина со сите што живеат во неа. Наша е човечка и морална должност на тој ден да дојдеме овде, да се поклониме на местото на трагичниот настана, да положиме цвеќе и евоцираме спомени за нашите големи браќа. Тоа е најмалку што можеме да направиме за нив.

На нивните семејства да им кажеме дека во нивната болка не се сами, тука сме ние, да ја поделиме болката за да биде колку што е можно помала. Младите генерации да научат од нивниот пример да ја ценат слободата, зашто е платена со нешто највредно, а тоа се човечките животи.

Наши загинати бранители, наши пријатели!

Ќе дадеме сѐ од себе за никогаш да не се повтори крвопролевање и тага како оваа…

Со нас сте вечни!