СОВЕТНИЦИТЕ НА ДВОЈЧЕ МУ ГО РОКНАА НОЖОТ ОД ПОЗАДИ, СЕ СВРТЕА ПРОТИВ НЕГО

0
2465

Битолскиот градоначалникот Владимир Талески, осомничен во случајот „Транспортер“, продолжува да го диктира темпото во Советот на општина Битола и од домашен притвор. 

Во отсуство на Талески, кој веќе три месеци е во притвор, советниците од ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ, успеаја да се согласаат околу едно прашање. На вчерашната Седница на Советот, на дневен ред повторно беше Одлуката за јавно-приватно партнерство за уличното осветлување во Битола. Оваа точка последниот пат не помина во Советот, но градоначалникот ја врати на дневен ред.

-13

Илче Димовски, ВМРО-ДПМНЕ

„Согласно законските прописи, долго се одвиваше таа постапка за јавно-приватно партнерство и за завршување на тој тендер што заврши во 2016 година, со извештајот што требаше да го усвоиме на седница на Советот, но не го усвоивме со една единствена причина. Треба да се ревалуира физибилии студијата, и да се види дали треба да се изработи нова или да се променат некои компоненти. Нашиот став е дека во овој момент извештајот не го прифаќаме“, изјави Димовски.

Во однос на ставот на СДСМ, дека на овој начин советниците се спротиставуваат на градоначалникот Талески, Димовски истакна дека секој има право на свој став и дека нема јаз меѓу Советот, ОК на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот.

ЦИВИЛ Медиа разговараше и со Душко Груевски, од „За нас се работи“, како здружение на граѓани кое редовно ја следи работата на Советот на општина Битола.dhd

„Ние претпоставуваме дека советниците почнуваат да се чувствуваат непријатно за одлуките кои ги носеле. Тие имаат одговорност за сите донесени одлуки. Сметаме дека градоначалникот пред СЈО и пред судот ќе се брани со тврдењето дека советниците ги носат одлуките, а тој само ги реализира. Талески си подготвува материјал за вината да ја префрли врз советниците од власта. Тие се свесни дека можат да бидат инволвирани во целиот процес за незаконско работење. Сметаме дека почнуваат да ги гледаат одлуките кои ги носат, а досега ги гласале по автоматизам, затоа што биле предложени од градоначалникот“, е ставот на Груевски од „За нас се работи“.

Откако по втор пат советниците не се согласуваат со одлуката на Талески, за јавно-приватно партнерство со кое треба да се регулира уличното осветлување во Битола, нему му останува да се согласи со нив и или одлуката на советниците да ја достави пред Уставен суд, кој треба да одлучи за законитоста на одлуката на советниците.13938454_1810401565841857_1108401631714715912_n (1)

„Ние претпоставуваме дека советниците почнуваат да се чувствуваат непријатно за одлуките кои ги носеле. Тие имаат одговорност за сите донесени одлуки. Сметаме дека градоначалникот пред СЈО и пред судот ќе се брани со тврдењето дека советниците ги носат одлуките, а тој само ги реализира. Талески си подготвува материјал за вината да ја префрли врз советниците од власта. Тие се свесни дека можат да бидат инволвирани во целиот процес за незаконско работење. Сметаме дека почнуваат да ги гледаат одлуките кои ги носат, а досега ги гласале по автоматизам, затоа што биле предложени од градоначалникот“, е ставот на Груевски од „За нас се работи“.

Откако по втор пат советниците не се согласуваат со одлуката на Талески, за јавно-приватно партнерство со кое треба да се регулира уличното осветлување во Битола, нему му останува да се согласи со нив и или одлуката на советниците да ја достави пред Уставен суд, кој треба да одлучи за законитоста на одлуката на советниците.