Снимките од прислушкувањето рушат рекорди на Јутјуб, над 116 илјади прегледи за еден ден

0
1185

На 24 часа по објавувањето на втората „бомба“, односно вторите снимки од прислушкувани разговори, видеото објавено на видео сервисот Јутјуб има над 116 илјади прегледи. Се работи за видеото во кое се гледа урнисување на уставната поделба на власта на законодавна, извршна и судска, и мешање на извршната во судската власт.

85949833282-540x162

Истовремено, првото видео со кое Заев покажа дека се вршело прислушкување од страна на Груевски и Мијалков, моментално, на една недела по објавувањето, има над 268 илјади прегледи. Колку за споредба, видеото во кое се слуша разговорот за Македонска банка објавен пред 10 месеци има 97 илјади прегледи. Овие три видеа всушност се и најгледаните видеа поставени било кога на каналот на СДСМ на Јутјуб.

Овие бројки покажуваат дека и покрај контролата на најголемиот дел од медиумите, посебно телевизиите, граѓаните се желни да ги дознаат аферите на власта, и ги следат „бомбите“ кои ги објавува Заев. Виновник за толку големата гледаност на Јутјуб видеата може да се бара и во провладините телевизии, кои досега не пуштија ниту една секунда од овие снимки.

Исто така, интересно е да се види гледаноста на Јутјуб видеата во кои се појавува премиерот Груевски. Така, доколку на видео сервисот пребарувате со зборот „Груевски“, и резултатите ги подредите според број на прегледи ја добивате следната листа на видеа, во кои прво, односно најгледано е токму видеото за прислушкувањето кое го објави СДСМ минатата недела:

8593483832-540x411

Резултатите од пребарувањето погледнете ги на следниот линк.

Потсетување на снимките:

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=XeEjH4g9IBk[/youtube]
[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=CyV-xZd-E-M[/youtube]
[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=fHZSwP6UiMo[/youtube]