„Слободен печат“: „Дојрански пирани“ искасале рибари?

0
1355

Повеќе рибари кои ловат во Дојранското Езеро велат дека биле каснати од непозната риба, за која се уверени дека е озлогласената пирана, опасна риба која живее во јужноамериканските реки.pirana-600x400

Рибарите се во паника, а според нив на еден нивен колега дури и му бил откинат прстот. За друг пак, тврдат дека бил каснат од пирана на раката, кога сакал да ја отплетка невообичаената риба од рибарската мрежа.

Според изгледот и силината на забите, велат рибарите, најверојатно станува збор за пирана. Рибарите меѓу себе споделуваат фотографија од примерок кој наводно е уловен во Дојранското Езеро.

Повеќе детали прочитајте во денешниот број на „Слободен печат“.