Слободата има име – ,,Македонија”

0
1319

Adnan-DHaferoski

Смеевме ли да си дозволиме во втората декада од 21. век да зборуваме и пишуваме за вредностите на слободата и основните човекови права? После педесетина години “зависност” и четврт век “независност”, ние сме позависни од било кога во историјата на оваа земја. Закопани во тињата на својата наивност и глупавост и катадневно слушајќи ја музиката која нѐ испраќа еден по еден во вечните ловишта, таму каде исчезнува и последната надеж за макар една и единствена искрена насмевка.

И додека светот патриотизмот го мери преку заштита на човековите права и слободи, унапредување на условите за работа, преку згрижување на социјално загрозените и водење грижа за сите категории на луѓе со посебни потреби, кај нас патриотизмот е сведен на поделби по секој основ и сеење омраза од загрижувачки размери.

Во светот патриотизмот се мери и преку заштита на големите национални брендови, финансиска интервенција на државата во насока на поттикнување на економскиот развој и отворање нови работни места. Овде, кај нас, патриотизмот е пизма кон секој оној што е успешен во својот бизнис, заради што државата го „наградува“ со негово уништување во корен. И така секој ден – се корнат розите, се засадуваат трње. Та нели пролет е …!?

(Не)свесна за последиците, пропагандата на владејачкиот режим опасно го сее пролетното семе на злото. Македонија ја претворија во “современ“ логор во кој одреден број “логораши” ја имаат привилегијата да бидат вработени. За возврат им ја земаат слободата како залог, за да можат да ги држат на краток ланец, како кучиња кои ќе ги пазат и контролираат останатите логораши. И сѐ со една цел: да бидат комотни во спроведувањето на систематската пљачка и ништењето на ткивото на државата.

Фатени во мрежата на криминалот која самите ја плетеле, бесни и избезумени, “поглаварот” и неговата фамилија ги прават последните фатални грешки, одбирајќи го патот од кој враќање назад нема.

Аднан Џафероски – член на ИО на СДСМ

Целата колумна може да ја прочитате ОВДЕ