Следува ГОЛЕМА промена на времето – конечно добри вести

0
1267

Изминатите денови и покрај тоа што територијата на Македонија се наоѓаше во поле на висок воздушен притисок имаше зголемена облачност додека на високите места и планините имаше магла и ниска облачност каде локално и повремено провејуваше и слаб снег и дуваше слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец.

Облачност и релативноп студено време имаме и денес насекаде низ државава додека на високите места и на планините сеуште има магла и ниска облачност каде локално провејува и сосема слаб снег. Меѓутоа веќе во вечерните часови и во текот на ноќта кон утрешниот ден облачноста постепено и насекаде ќе започне да се намалува што ќе услови позначителен пад на температурата на воздухот која утре изутрина речиси насекаде ќе се спушти под нула степени.

gfs-0-30

Утре (14.02.2017) времето ќе биде сончево со мала локална облачност особено во претпладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој во попладневните часови и тоа особено Долж повардарието како и на високите места и на планините ќе се засилува по интензитет.

Минималната температура на воздухот ќе се спушти во интервалот од -9 до -1 степен додека на високите места како и на планините не се исклучува можноста истите да се спуштат околу или под -10 степени.

Максималната температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 2 до 8 степени.

За многу повеќе информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ