Славчо Попоски со најнова прогноза околу фронталниот систем и влажниот воздушен бран

0
1305

Во текот на претстојната ноќ како и утре (сабота) преку територијата на Македонија ќе помина фронтален систем кој ќе биде придружен со влажна воздушна маса а истовремено од север ќе се спушта постуден воздух. Овој бран најпрвин во северозападните а потоа и во западните и северните предели ќе донесе врнежи од дожд кој во текот на утрешниот ден (сабота) постепено ќе се шират  и во останатите предели од државава. Во текот на утрешниот ден (сабота) поради веќе споменатиот постуден воздух од север на планините врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег каде ќе се формира нова снежна покривка. Исто така не се исклучува можноста за послаби врнежи од снег и на некои од повисоките места  од северозападните  и северните предели и тоа утре доцна попладне и навечер.

pcp24h_web_2-1

Ќе дува слаб до умерен, на некои места умерен а повремено и засилен ветер од јужен и од југозападен правец кој во текот на утрешниот ден (сабота) ќе го промени својот правец во северен. Поради зголемената облачност утре изутрина температурите насекаде ќе бидат позитивни и ќе се спуштат во интервалот од 3 до 8 степени додека максималните дневни температури на воздухот ќе бидат пониски за разлика од денешните и во северните  и во северозападните предеќи ќе се искачат во интервалот од 5 до 8 степени додека во јужната половина ќе биде потопло каде максималните дневни температури ќе се искачат во интервалот од 8 до 15 степени.

Најмногу воден талог за време на овој влажен воздушен бран се очекува да падне во северозападните и во западните предели (над 10 л/м2 а локално и до околу 20 л/м2 воден талог).

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ