Славчо Попоски со детална прогноза за претстојната ноќ

0
1105

Под влијание на влажен воздушен бран кој веќе го најавивме уште пред неколку денови во текот на претстојната ноќ кон утрешниот ден (недела) како и утре (19.02.2017) во утринските часови облачноста насекаде ќе се зголеми и времето ќе биде променливо облачно додека во западните, северозападните и северните предели ќе има повремени врнежи од дожд додека на планините врнежите ќе бидат од снег. Исто така во текот на ноќта поради падот на температурите на воздухот во северозападните предели врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер кој во западните предели ќе биде од југозападен а во останатите предели од јужен правец.model_moddeuhd_2017021806_17_954_13

Врнежите ќе бидат со слаб до умерен, понекаде особено во северозападните и западните предели и со умерен интензитет каде локално ќе наврнат околу 15 л/м2 воден талог.

Температурите на воздухот во текот на ноќта ќе се спуштат во интервалот од 0 до 5 степени.

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ