Славчо Попоски: Проследете ја најновата прогноза за почетокот на новата седмица

0
1110

И на самиот почеток од новата седмица територијата на Македонија ќе биде во поле на висок воздушен притисок (антициклон).

Утре (13.02.2017) времето ќе биде умерено, на повеќе места значително облачно со слаб ветер претежно од источен правец. На повисоките планински места ќе има магла и ниска облачност каде ќе има услови и за слабо провејување на снег. Во текот на утрешната ноќ кон денот вторник облачноста насекаде ќе се намалува со што ќе услови речиси насекаде негативни температури на воздухот.

Утре (понеделник) минималната температура на воздухот ќе се спушти во интервалот од -4 до 2 степени.

Максималната температура на воздухот ќе се искачи во интервал од 2 до 8 степени.

За многу повеќе информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ