Скенерите не го детектираат: Мобилен со големина на прст е хит меѓу ирските затвореници

0
1085

Малиот тенок мобилен телефон направен од пластика стана најпродаван уред кој го купуваат затворениците во Ирска бидејќи можат да се внесат во затворот без да бидат забележани. Скенерите воопшто не ги детектираат.

Long-CZ уредот тежи само 18 грама, долг е 68 милиметри и широк 23 милиметри. Доволно е мал да може да се внесе во затворска келија. Се продава по пат на интернет и чини 31 евро.

Овој модел се рекламира дури и на ирските веб страници и продавници за користена стока со слоганот „Beat the Boss phones‟. Слоганот се однесува на тоа дека ирските затвори имаат скенери кои не ги регистрираат овие мобилни телефони.

„Мобилните лесно можат да се прокриумчарат, а затворениците картичката ја кријат во уста или ја голтаат. Мобилните се направени од пластика‟ – рече еден затвореник.

Бос столицата е дизајнирана да детектира предмети како оружје, мобилни и дрога која затворениците ја внесуваат во телото. На столицата се наоѓа метален детектор кој го скенира целото тело. Со овој уред во ирските затвори е намален бројот на одземени мобилни телефони, но тие сепак измислуваат нови начини како да ги прокриумчарат.