СКАНДАЛ – ТОТАЛНО ДИВЕЕЊЕ И АЗДИСАНОСТ ДО БЕСВЕСТ: На вработен во контрола на летање мала му била платата од 2000 евра па си ја покачил за 400 евра, да не ги јаде еврата

0
5252

ВО КОНТРОЛА НА ЛЕТАЊЕ ВО ТАЈНОСТ ИЗМЕНЕТ КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР

Претседателот на синдикат си ја зголемил јунската плата за 400 евра Претседателот на еден од четирите синдикати во Контрола на летање (М-НАВ) пред неколу дена успеал да си ја зголеми платата за 400 евра.

Нему јунската плата ќе му биде над 2.400 евра.

Вработени во ова АД во државна сопственост, кое дава услуги во воздухопловна навигација, велат дека се искористени последните пет минути пред смената на Управниот одбор, за да се изврши промена на еден анекс на Колективниот договор, кој се однесува на платите.

„Во тајност е направена корекција само на неговата плата. Никој не видел образложение зошто е зголемен коефициентот на началникот на одделението за планови за летање во Секторот за воздухопловна навигација. По процедура, треба да се формира работна група која ќе направи анализа на работното место и доколку има зголемен обем на работа или некои други елементи, се оди на зголемување на коефициентот.

Во случајов, зголемувањето е награда за послушност, зашто како претседател на синдикат не му правеше проблеми на раководството за трошењето на буџетот и распишувањето тендери“, објаснува вработен во М-НАВ. Измената и дополнувањето на анексот 1 од колективниот договор на М-НАВ има архивски број од 19 јуни годинава и во документот стои дека ќе се применува за исплата на наредната плата.19441246_10154659952601961_503594464_n

Ова е документот со одлуката за зголемување на плата, ова се поени за плата, еден поен е 380 евра, ако помножите се доаѓа до 2400 евра месечна плата!!!

Претседателот на синдикатот на воздухопловен персонал, кому му се зголемува платата, сам се потпишал на измената, заедно со претседателот на уште еден од синдикатите во М-НАВ.

И сите членови на актуелниот УО на М-НАВ – Живко Поповски, Николет Тагарински и Миѓен Салмани, се потписници на документот. Членовите на УО на М-НАВ ги избира Надзорниот одбор, кој, пак, го бира Владата и брои три члена, од кои еден на предлог на синдикатот.

На дневен ред на новата Влада уште не е дојден изборот на нови членови на Надзорниот одбор на М-НАВ.

Стварно не е јасно што прават овие луѓе со плата од 2000е во Македонија, овој или се коцка или се дрогира или има 3 швалерки и е зависен од секс, ова нема логика!!!