Скандал пред “ОхридФест“ -Сани направила хаос кај креаторот

0
1539

Згодната фолкерка Сани Петковска ја фатило паника оти  сеуште не и бил готов фустанот кој таа го планирала да го носи на годинешниот “Охрид Фест’. Вчера во  модниот салон каде требало да и го шијат фустанот и кажале дека поради летните одмори не стигнале да и го направат на време. Сани збеснала и побарала од креаторот да и најдат замена. Арно ама замена немало, оти на пребирливата пејачка ништо друго не и се допаднало од понуденото.Сани почнала да вика и  бесна  им наредила фустанот да биде готов за два дена оти немала време да бара друга солуција. Потоа лута го напуштила салонот,а дознавме дека за таа креација таа оставила само за капар околу 200 евра. Инаку Сани на 24 месецов  на  “Охрид фест“ ќе ја пее баладата “Нема никогаш да те замразам“.Моментно таа подготвува Тв проект и ќе се проба како водител на забавна емисија.

sani