СКАНДАЛ : Пратеникот на ДПМНЕ од Австралија Васко Наумовски истепал социјални работници во Битола

0
1095

Валентина Ралевска, вработена во Центарот за социјални работи во Битола,  тврди дека денеска на своето работно место, заедно со уште тројца  колеги, биле нападната од пратеникот во македонскиот Парламент од Австралија, Васко Наумовски, информира Телма.

centar_za_socijalni_raboti_bitola

 

Таа е хоспитализирана во битолската болница, заради што не беше во можност да зборува пред камера, но инцидентот го потврди акдвокатот на Ралевска.
– Во моментот оштететната се наоѓа во Клиничката болница во Битола, задржана е на понатамошен третман. Настанот е пријавен во полиција, се работи на случајот. Како ќе се одвива понатаму,зависи од обвинителството и полицијата, изјави адвокатот на Ралевска, Доне Кузмановски.

Од болницата во Битола, информираат  дека за преглед во оваа здравсвена установа се јавиле вкупно 4 лица, но на опсервација е задржана само Ралевска, додека тројцата други вработени немале повреди.

Од полицијата,  потврдуваат дека во битолскиот Центар за социјални работи имало инцидент, но нема други информации, освен дека се работи на случајот.

vaskonaumovski