СКАНДАЛ: Осигурителна компанија одбива да ги обештети семејствата на загинатите и ранетите специјалци во акцијата во Куманово!

0
926

ranetikumanovo

Добивме кратка порака од еден наш читател најверојатно припадник на македонските специјални сили и добро упатен во случувањата во МВР:

“Продолжуваат маките на припадниците на МВР кои беа ангажирани во Куманово! Осигурителната компанија Евроинс која ги осигурала преку брокерската куќа Цертус сопственост на зетот на Бојо Андревски – Европски Универзитет, бара начин на повредените и загинати припадници да не ги обештети! Осигурителната фирма ангажирала адвокатска кука блиска до фамилијата на власт.”

Оваа информација не ни е проверена и ве молиме да ја земете со резерва, ќе пробаме да испитаме за што станува збор наредните денови.

Инаку да потсетиме, за жал во Куманово беа убиени 8 специјалци а дури 37 беа ранети. Семејствата на загинатите специјалци добија парично обештетување од владата во висина од 70 000 евра.