СКАНДАЛ ОД ЕПСКИ РАЗМЕРИ : Првиот човек на униформираната полиција во Скопје бара протерување на Бејли!

0
4976

Недоволно упатен и крајно пристрасен до режимот, Кирил Бошковски како прв човек на униформираната полиција во Скопје и главен шеф на полициски станици за ЈРМ бара протерување на Џес Бејли, човек кој е поставен за амбасадор од најмоќната држава во светот, Соединетите Американски Држави и чијашто амбасада во Скопје е најголемата амбасада во регионот, по што укажува на тоа дека не се работи само за амбасада, туку се работи за нешто повеќе, пиишува „Центарњус“.

4108ce34274c242e47a63cd0f9f07667_l

Кирил Бошковски својата професионалност и заклетва ја продал за ситно партиски интереси. Во прилог е фотографијата со негов коментар од неговиот фејсбук профил, каде за американскиот амбасадор Џес Бејли коментира „Ај те молам МАРШ“. Еве за какви кадри Митко Чавков се бори да останат во полицијата.

Се поставува прашањето, како овој човек би се однесувал во случај да треба да ја спречи разулавената багра на ДПМНЕ, да ги реализира заканите на Груевски и Валентина Божиновска. На Кирил Бошковски мнозинството граѓани кои гласаа против режимот на Груевски му пренесуваат само една порака.

-„Бошковски, животот е долг, тој се мери со она што имаш ти како дело оставено зад себе, тоа ќе го жнејат твоите поколенија. Но што ти остави на твоите поколенија освен СРАМ??

Имено, денес се појави галерија со фотографии од повеќе амбасадори, странски дипломати и посредувачи, од утрово кружи по социјалните мрежи. Фотографиите се поставени во комеморативни рамки со црни ленти и погребни свеќи.
Засега не е познато кој е креаторот ваквите некролози, но, според реакциите и досегашните коментари, ова претставува повик на линч на амбасадорите.