СКАНДАЛ НА ОХРИД ФЕСТ – Копров: Вера ми го упропасти фестивалот – Јанковиќ: По казна не ми плаќаат

0
3053

Водителката на „Охрид фест” Вера Јанковиќ вели дека без хонорар си заминала од Охрид. Според неа, директорот Григор Копров, поради двете грешки кои ги направила, ја казнил, па таа самата требало да си го плати и превозот за Скопје, пишува весникот „Вест“.

mkd-129144

Копров, пак, вели дека и покрај огромните грешки на Вера, кои оставиле дамка на Фестивалот, тој џентлменски ќе го испочитува договорот.

– Фестивалот течеше на високо ниво, с додека Вера не прескокна четири члена од жирито. Луѓе што се спонзори, пријатели на Фестивалот и внимателно ги следеа тие песни, не добија право да гласаат затоа што Вера, едноставно, не ги прочита, ме засрами пред луѓето. Потоа направи уште една огромна грешка. Наместо за победници да ги прогласи Влатко Илиевски и Јелена Ѓуриќ, таа ја прочита Елена Петреска која го освои третото место. Вера, како некој што е долго во оваа работа, треба да знае што значи евровизиски начин на гласање, а не да чека од нас да објаснуваме. Ако не знае, можеше да праша. И покрај с, таа нејзиниот хонорар ќе го добие. Таксито за неа и за нејзиниот тим од Скопје до Охрид го плативме, а за назад обезбедив превоз, кој не сакаше да го прифати. Таа беше одлична, а на крајот не знам што се случи – ни изјави Копров.