СКАНДАЛ: ДАЛИ Е ОВА ПРИЧИНАТА ЗА „ХАКИРАЊЕТО“ НА МЕИЛОТ НА МИНИСТЕРОТ СПАСОВ?

0
2076

На електронската адреса на порталот Centarnews беше доставен имеил од вработени во министерството за труд и социјална политика.

Станува збор за сторен криминал од страна на министерот Диме Спасов. Во дописот се наведува дека министерот Спасов, на ден 4-ти февруари 2015-та година од својата емаил адреса до одредени лица Јасмина и Боби, отворено побарал 500 евра по работник, како би се обработило барањето за ангажирање на работници во странство (Деташман) во СР Германија.
Имено министерството за труд и социјална политика на ден 23.01. 2015-та година објавило повторен јавен повик под Бр.08-629/1 за ангажирање на работници за изведување на градежни работи во СР Германија за период до 30-ти септември 2015-та година.
untitled(8) untitled(7)
Министерот Спасов отворено бара од горе наведените лица Јасмина и Боби, во врска со објавениот конкурс за деташман на работници, однапред да платат сума од 500 евра по работник инаку во спротивно нивното барање воопшто нема да се земе во предвид и притоа се заканува дека ќе издаде насоки до одредена Стојна да ја тргне нивната апликација, ако не го сторат побараното. Притоа Спасов јасно наведува дека со оглед на политичката ситуација и можните избори, потребно е да се направи „НЕКОЈА ПАРИЧКА“ и доколку фирмата биде фер кон него истата може да ги добие сите работници кои ги бара.
m(2)
Освен до наведените Јасмина и Боби, истиов овој имеил е испратен и до следниве имеил адреси:
[email protected] (портпарол на министерството)
Ј [email protected] (одговорно лице на договорен орган и државен советник за ЕУ интеграции)
[email protected] (државен советник за креирање и развој на политики за заштита на деца)
Capture2(1)
Се поставува прашањето, дали денешната објава за хакирањето на имеил адресата на министерот Диме Спасов е само обид за обезбедување на алиби или претставува уште еден обид за замајување на јавноста и прикривање на криминалот?
Извор : CentarNews