СКАНДАЛОЗНО : Сител и сителовци го обвинија Заев за нападот во Гошинце : Со бомбите го нарушил моралот на војниците и полицајците и ги поткопал државните институции?!?!

0
1061

Сител во денешните вести го обвини Зоран Заев како главен виновник за терористичкиот напад во Гошинце?!?! Објаснувањето беше дека со тоа што објавувал бомби тој го намалувал моралот на војниците и полицајците и ги поткопувал македонските безбедносни институции?!?!

zaevgoshince

Ова е апсурдно тврдење затоа што Заев не објави бомби за АРМ и за специјалните полициски единици ниту пак за другите системи на безбедност како шумска и гранична полиција. Не се објавени ниту тајни мрежи на шпиони кои се на терен, бомбите се за министри, пратеници, бизнисмени, новинари и судии со што се открива корупцијата и кршењето на законите.

Дури и да се открива слабата македонска безбедноста мрежа со тоа што Заев тоа го објавува тој алармира на време, помага на време да се дејствува, проблемот е што некој ја оставил полицијата со железни кревети и ќебиња од ЈНА и што ги оставил без чизми и без гориво за автомобилите и што полицијата останала без персонал поради малите плати и чистките со неподобните а за тоа време пари се истураат за владини кампањи и споменици и за сметките на фамилијата на Белизе и за плацевите на Водно!

Очигледно е дека ДПМНЕ ќе се обидува со ваквите нарачани акции на разни банди да го натера Заев да престане со објавувањето на бомбите затоа што тие се разорни за владата и Груевски па ќе се обидуваат со се што им е на располагање да го замолчат!