СКАНДАЛОЗНО: ГРАДСКА БОЛНИЦА БРКА 56 ВРАБОТЕНИ

0
1128

„Почитувани, ШТОТУКУ сум информиран од еден вработен со договор на дело (кој инсистираше да биде анонимен) во градската општа болница 8-ми Септември дека ДЕНЕСКА се известени 56 лица, волонтери и вработени со договор на дело во истата, дека од понеделников што следи 10.08.2015 не му се потребни повеќе на работодавецот.“

c41ebc0710bc5e43b69813000dcdbf48_L

Ова предмалку беше објавено на една од страниците на фејсбук „СЛОБОДА“ во која се информира јавноста за бркање на работници неистомисленици со власта. (ЛИНК)

„Помеѓу 56-те лица кој ќе бидат отпуштени има и доктори и технички персонал. Изворот исто така истакна дека на болницата и се потребни РЕАЛНО дополнителни кадри, па затоа на одлуката на менаџерскиот тим за отпуштање и дава политичка димензија, стравувајќи дека по некое време (од сега па до предвремените парламентарни избори) ќе бидат вработени ДРУГИ 56 лица (или повеќе, од причина што реално болницата има потреба од тоа) гласачи на ДПМНЕ и ДУИ. Тој за крај истакна дека не гледа никаква вина во ВД директорот на болницата Сашо Стојчев како и во внатрешниот менаџерски тим, ами за главни БУТКАЧИ на оваа работа ги смета двајцата НАДВОРЕШНИ менаџери кој се партиски лица (еден од ДПМНЕ другиот од ДУИ) како што истакна тој.“, стои во текстот.