Скандалозна распределба на социјалните станови во Прилеп

0
2499

Најавената објективна и правична распределба на социјалните станови, прерасна во скандал во градот под Марковите Кули!

Наместо изградените 76, Министерството за труд и социјална политика (МТСП) во Прилеп распредели 73 станови. Притоа, за да биде скандалот поголем, на конечната листа на добитници на становите се најдоа 21 лице чии имиња ги немаше на прелиминарната листа!

Во категоријата „Деца без родители или родителска грижа“, прелиминарната листа од 14 добитници на станови е намалена на 11, при што од листата се избришани Винко Талески, Моника Бозоска и Александар Жежоски.

Три измени се направени и во категоријата „Инвалидни лица или лица на кои им е потребна помош и грижа од друго лице и семејство со инвалидизирани лица. Иако на прелиминарната листа имаа најмногу бодови, со празни раце останаа Ферикана Мемедоска, Сенат Сулејманоски и Рубинчо Ристески. Наместо нив, станови им беа доделени на Туран Јашароска, Ивана Вученовиќ и Моника Петреска.

Од листата на корисници на социјална или постојана парична помош се исфрлени дури 7 лица: Тони Сливоски, Моника Јосифова, Славчо Андоноски, Рубин Катранушески, Рубинчо Ѓеорѓиески, Ангела Јованоска и Јоана Путеска. На нивно место „влетаа“ Маринела Глигорова Јованоска, Аце Димоски, Олгица Лефтеровска, Мануела Сагиновска, Благица Стојчевска, Валентина Момироска и Зора Анѓелеска Миладиновиќ.

Кратко траеше радоста и на 8 самохрани родители со малолетни деца: Лезе Димовска, Билјана Маѓероска, Мирослав Миленковиќ, Мариче Радеска, Христина Паноска, Катерина Вељаноска, Николина Илиоска и Весна Трајческа. Осумте станови Министерството за труд и социјална политика им ги додели на Андријана Јовеска, Јасмина Нешкоска, Хадије Атанасоска, Кристина Грабулоска, Санела Ристевска, Марина Стојкоска, Даниела Димеска и Габриела Димкоска.

Сите оние кои во последен момент останаа без првично доделените станови, се сомневаат дека распределбата е вршена по партиска линија, односно дека партиската книшка на ВМРО-ДПМНЕ била единствениот критериум.

samohrani-so-mali-deca-pregled-Copy-768x484

Повеќе може да прочитате на порталот РеволуционерМк