Синдикат на дипломатска служба: Амбасадорката во Хрватска изрази жалење за оставката на Јанкулоска и ја прекрши Виенската конвенција

0
1185

Соопштение на Синдикатот на Македонската дипломатска служба:

karagjozova

Синдикатот на Македонската дипломатска служба беше известен дека амбасадорката Караѓозоска, на својот ФејсБук профил, а каде е дефинирано нејзиното својство, истапила со огромно жалење за оставката на Гордана Јанкуловска. Откако констатиравме дека тоа е точно, а имајќи го предвид принципот на функционализам од преамбуларниот параграф 4 на Виенската дипломатска конвенција, застанавме на гледиште дека нашата амбасадорка во Хрватска и повеќе од очигледно го прекршила чл. 3/1-а од истата Конвенција!

Да пратела некој е-мајл или друг затворен облик на комуникација до нејзината другарка, партиска соборка или … Горде и да и’ го кажела ова истото – тоа си е приватна работа. Ама, истапување во јавност – е рамно на кажување СТАВ НА ДРЖАВАТА!??? Тоа, автоматски значи дека сите ние (не само таа) се идентификуваме со особа за која имаме многу јасни индикации за: прекршување човекови права, злоупотреба на службена дејност, сторени (тешки) кривични дела …

Од тие причини, а имајќи предвид дека веќе имаме историја на отповикување амбасадори за впуштање во јавна, а партиска преписка, побаравме од министерот за надворешни работи на Република Македонија, г. Никола Попоски јавно да се огради од настапот на амбасадорката, нејзе да ја повика на консултации во Земјава, а во зависност од тоа и да се размисли за нејзино отповикување.

Меѓутоа, од една страна не добивме одговор ниту пак видовме дека министерот Попоски нешто презел. На друга страна, како што можеше да се претпостави, однесувањето на нашата амбасадорка во Хрватска – ескалираше. Покрај другото, таа дури решила да демантира дека луѓето што излегле да протестираат пред нашата Амбасада во Загреб се „… Македонци во Хрватска…”, па дури и да побара тоа и медиумот каде била објавена веста – самиот да го демантира. Меѓутоа, од објавените фотографии е видливо дека се работи за Македонци кои и’ се познати на нашата Дипломатска служба по име и презиме, со авторитет и дигнитет…

И, тоа не е се’! Таа ја изложила и цела Македонија и нашата Дипломатска служба на ПОТСМЕВ. Имено, медиумот решил да го објави актот во целост. Од тоа, можеме, на наше згрозување, да констатираме дека амбасадорката упатила „нота” до медиум, а себе си си се титулира со „Н.Е.” или Нејзината екселенција. Ниту е тоа нота, ниту „Н.Е.” е етикеција што се употребува за самиот себе!!!

Од тие причини, сакајќи да се оградиме не само од Караѓозоска туку и од пасивноста на министерот Попоски, се надеваме дека и други субјекти во земјава ќе реагираат на однесувањето и поставувањето, но и гафовите на Караѓозоска.