Силјановска со чаша вино го кани Пендаровски на дуел

0
1044

,, Рок музика, одлично друштво и една идеја да отворам Твитер….и тука го чекам Стево на дуел…секаде…во секое време! “.

Со оваа порака напишана на ФБ профилот кандидатката за претседател на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска, и фотографија од ресторан во Охрид со вино пред себе го покани уште еднаш Стево Пендаровски на ТВ дуел.

Таа смета дека СДСМ има вишок време и идеи само за соопштенија, а никако да најдат време за да одговарат на повик на дуел.

Таа повтори дека не ги прифаќа критиките на своја сметка дека го оправдува насилството што се случи на 27 април во Собрание на РМ.

,,Во исчекување на 4-то соопштение за денес, да ве потсетам… Вие го оправдавте крвавиот четврток со амнестирање на портирите на злото“- пишува на нејзиниот ФБ профил.