Силен ветер во Сибир: Погледнете како ветерот го “истуркал” авионот од писта

0
1621

Во сибирскиот град Норилск, ударите на ветерот биле толку силни што буквално го истуркале авионот “Boeing 737” од аеродромската писта. Оваа драматична снимка успеала да ја сними Карина Калинушкина, а ја споделила на својот профил на Фејсбук.
Ова летало во сопственост на “Nordstar Airlines” пред влегувањето на екипажот и патниците тежи 41,5 тони, додека по влегувањето има тежина и до 79 тони. Тоа сепак не било доволно да се спречи ова летало неконтролирано да лизга по пистата при силните удари на ураганскиот ветер.

 


Норилск е сместен на крајниот север на западно-сибирската област Краснојарск. Овие денови временските услови во тој регион се немилосрдни, со удари на ветер од 33 метри во секунда.

Овој аеродром моментално е затворен. Истиот ден дел од кров на зграда во центарот на градот бил откорнат, притоа усмртувајќи 32-годишна жена.