Се што фатиja Грујо и неговите анални исцедоци ИСПУСТИЈА И ЗАПУСТИЈА : „Хихирику“ ќе умре утре по 40 години на радио, МРТВ нема пари за хонорари

0
1327

Најстарата, единствена и уникатна сатирична емисија, своевиден бренд на Македонското радио, „Хихирику“ која над 40 години е најслушана и ги засмејува граѓаните во недела во 11 часот, од утре нема веќе да се емитува. Обид, поради немање пари да се затвори емисијата имаше и во 2014 година, но по реакции во јавноста, МРТ успеа да ја спаси.

Овој пат, вели Иван Карадак, нејзиниот креатор, не се враќа повторно:„Претерано понижувачки е сето ова. Во средата ја снимивме емисијата, во петокот требаше да ја монтираме, и тогаш ме викна Главниот уредник и ми рече, ако сакате монтирајте, ама и не моратеОд Главната дирекција на Радиото не ме ни удостоија да ме поканат и да ми кажат во што е проблемот. Наводно, од Министерството за финансии нема одобрено средства за сите хонорарни соработници во МРТ“, ни рече Карадак.
Тој вели дека со Ѓокица Лукаревски како водител, немаат земено хонорар од јули 2016 година, а оти останатите актери не се исплатени последниве три месеци, и додава:„Откако ми отидоа Дади и Унџел, и Мешко во Америка, останавме Чоре, Ванчо, Гоце, Кате, Стојна, техничкиот снимател и јас. Во Хихирику, за овие 40 години поминаа најголемите комичари во земјава од Прличко, Тодорче, Мајсторот, Ценче Трпкова. Во оваа земја не знаеме ништо да чуваме што е вредно, нашиот код е самоуништување. Полека губиме се“, разочарано вели Карадак.
Големиот мајстор на сатирата вели дека таа е коректор на власта, па која и да е и  дека е здрава за секое општество:„И Господ да е на власт, сатирата е литература на отпорот и ќе најде за што да зборува“.
Иван Карадак е во пензија 7 години и оттогаш емисијата за хумор и сатира „Хихирику“ има третман на надворешен проект. Тој вели дека ќе одмори, зашто за сиве овие години месечно пишувал од 44 до 55 скеча, 60 афоризми и по 4 сатирични песни и безброј сонгови. Само заради слушателите вели, можеби би се вратил повторно во Македонското радио, ако се смени целата раководна структура.