Се срамам од фактот што опозициските албанските партии не ја споменуваат скандалозната одлука на Уставниот суд

0
1081

Дали уставниот суд е само на македонците! Прво како граѓанин, потоа и како албанец мора да признаам дека се срамам од фактот дека опозициските албанските партии не најдоа време да искоментираат било што во врска со скандалозната одлука на уставниот суд, уште помалку да дадат поддржка или да се приклучат на протестите кои ги организиравме како граѓански активсти против узурпацијата на уставниот суд.

Со денови се обидувам да најдам некаква логика за вашата инфалтивност, или во најмала рака вашата дволичност во врска со овој случај и неколку слични други случаи од минатото каде вие срамно ни продавате демагогии од типот дека тоа е меѓу македонски конфликт, дека нас тоа нема зашто да не занима.

Да ве потсетам дека вчера уставните судии, донеса скандалозна одлука со која од вчера инфалтивниот #Хорхе ќе може да помилува педофили, ќе може да помилува криминалци кои извршиле кримимален грабеш на избори, или со еден збор ќе бидат помилувани сите оние кои десетина години мајка и расплакаа на оваа земја.
Имате ли вие деца? Каде живеете вие? Дали вашето ќутење значи дека се согласувате утре педофили и криминалци да ви се шетаат по градов? Очигледно дека одговорот за жал е ДА! Морам да признаам дека како слободоумен граѓанин на оваа земја тотално сум разочаран од вашиот деструктивен пристап кој патем речено воопшто не се разликува од тој на партиите на власт.

Како утре ние како граѓани да ви веруваме вас , кога во вакви историски и многу деликтани моменти за државата вие ги игнорирате сите граѓани а посебно #албанците како што милувате да ги викате?

Како да ви веруваме на вас дека и мислите добро на оваа држава, кога очигледно уставот на оваа држава не ве замима или го доживувате како само #Македонски ? НИКАКО! Затоа, крајно време е да излезете од тој глупав и штетем филм, така наречен #фолклорен национализам, и да форсирате граѓански концепт, а не етнички од кој и така ни е преку глава.

За крај, се додека оваа држава ја чуствувате како половично ваша и се додека вака не искрено ги доживувате другите етнички групи во ова земја вие ќе бидете само продолжена рака на фашистичкиот режим кој десет години го силува овој народ.

Замир Мехмети
фејсбук статус